еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков тврди дека Бугарија имала желба за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените прашања со Македонија

Актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, беа меѓу темите на разговор на денешната средба на бугарскиот премиер Кирил Петков со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, соопшти Прес-центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

Петков истакнал и дека интензивирањето на секторската соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема старт на преговорите за Македонија пред да ги внесе Бугарите во Уставот, вели бугарската министерка Генчовска

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфалцијата во јули 8,4%

Редакција

Убава вест: Оздравени 165 болни од Ковид-19

Редакција

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Редакција