еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски се сретна со Вархеји: Преговори со ЕУ веднаш и без дополнителни условувања

Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна, порачал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, кој престојува во посета на Македонија.

-На средбата претседателот Мицкоски истакна дека државата има направено бројни отстапки за да го оствари својот стратешки национален интерес за членство во Европската унија. Преговорите со ЕУ треба да започнат веднаш, без дополнителни условувања од која било страна.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати негирање на македонскиот идентитет, јазик, историски континуитет и посебност, се наведува во соопштението од прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и Вархеји дискутирале и за актуелната политичка-економска состојба во земјата, како и за динамиката на реализација на проектите кои се финансирани од ИПА фондовите во дел од општините.

На средбата присуствувале и потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски и меѓународниот секретар Стефан Андоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Османи со Вархеји: Постои замор од постојаното одложување, нужен е исчекор кон пристапните преговори

Средба на Ковачевски со Вархеји во Скопје: Деблокадата на евроинтеграциите е потреба и сега е моментот за тоа

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум починале дома: Од Ковид-19 починаа 18 лица

Редакција

За што разговараа Г.г. Стефан и рускиот митрополит Антониј

Редакција

ЗНМ и ССНМ бараат Обвинителството да ја отфрли кривичната на МВР за Салиу

Редакција