еМагазин
Image default
Македонија

Надворешениот притисок брз Бугарија во однос на Македонија е легитимен, смета бугарскиот европратеник Ќучук

Надворешниот притисок врз Бугарија во однос на Северна Македонија е легитимен, бидејќи Бугарија го запира европскиот проект, а Европската Комисија даде јасен сигнал дека сака земјата да биде многу сериозен фактор на Балканот, истакна известувачот за Северна Македонија од Европскиот Парламент и европратеникот Илхан Ќучук за време на деветтата годишна конференција „Балканот во 21 век – бугарскиот поглед“ на тема „Односите меѓу Бугарија и Северена Македонија – Како отсега па натаму“.

Тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Северна Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Северна Македонија.

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, пак, изјави дека рамковната позицијата прифатена од властите на Софија е нефункционален документ со многу содржини и за внатрешна употреба, јави дописникот на МИА од Софија.

Истовремено, тој коментира дека договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија од 2017 година создал стабилен амбиент, дека ги обновува односите меѓу Софија и Скопје, но во споредба со договорот меѓу Скопје и Атина, тој со Софија е неплоден.

Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија и директор на невладиниот Институт за економија и меѓународни односи, Љубомир Кјучуков се осврна на можното странско посредништво меѓу Бугарија и Северна Македонија, посочувајќи дека тоа би било лошо решение. Проблемите, според него, треба да се решаваат на билатерален план.

МИА/Фото: Фејсбук/Ќучук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во историската комисија не се разговара за дефинирање на статусот на МПЦ-ОА, вели Ковачевски

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“

Редакција

Академик Ќулавкова за препораките на историската Комисија: Зар е можно до тој степен Македонците да ги имаат изгубено своите идеали?

Редакција