еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од 1. мај украинскиот град Херсон ќе ја користи руската рубља

Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1 мај, објавија руски државни медиуми.

Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува Би Би Си.

– По тој период, регионот целосно ќе премине кон користење на руската валута, додаде Стремусов.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар еден починат, 34 хоспитализирани од Ковид-19

Редакција

Рашковски најави правна разврска за набавката на радарскиот систем, нема да поднесе оставка

Редакција

Почна процедурата за смена на Каили од потпретседателското место во Европскиот парламент, Катар негира инволвираност во скандалот со корупција

Редакција