еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе прави ли Шилегов ново партиско дувло од новата фирма за парно греење?

Минатиот месец Град Скопје го формираше јавното претпријатие „Градски енергетски системи“ и покрај тоа што градоначалникот Петре Шилегов на дебатите пред локалните избори велеше дека државата е лош сопственик и дека нема да формира државно претпријатие за диструбуција на парно.

Се уште не е јасно какви услуги ќе дава новото претпријатие и какви лиценци ќе бара од Регулаторната комисија за енергетика.

Дека Шилегов е сосема во право кога вели дека државата е лош сопственик е јавна тајна, а колку е лош сведочат овие нови податоци.

Имено минатата година од 118 државни компании, дури 36 ја завршиле годината со загуба.

Лошто финансиско работење не е единствената мана на државните препријатија. Изминативе децении тие стана идеални партиски дувла за вработување на партиски истомисленици.

Кој гарантира дека и оваа јавно претпријатие нема да го следи „трендот“?

Наместо да потикнуваме инвестиции и да се создаваат услови за ширење на мрежата, што ќе донесе можност граѓаните да добијат и поевтина услуга, се доведува правната сигурност на тие што веќе се на пазарот.

еМагазин го праша Шилегов зошто се предомислил, но од град Скопје не одговорија на нашите прашања.

Во образложението за ваквата одлука Шилегов најави посебен тарифен модел со кој ќе ги придобива 14.000 лица кои изминативе години се откажале од оваа услуга, што во старт „виси“, имајќи во предвид дека цената на парното ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, а не Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Редакција

Да помогнеме: Четиригодишниот Љупче е роден со кифосколиоза, состојбата се влошува треба да се оперира во Турција

Редакција

572 нови случаи на Ковид-19 од 4.511 тестирања

Редакција