еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Една недела по Велигден е Томина недела, што е нејзиното значение

Една недела по Велигден е наречена Томина недела, која е посветена на „неверникот“ Тома, кој од сите ученици на Исус Христос, тој не поверувал дека е воскреснат, па Исус морал да му се покаже, пишува bigorski.org.mk.

„На верните деца Божји не им се потреби знаците и чудата, иако Бог и нив ги испраќа, туку го бараат Самиот Него, засладувајќи се преку призовувањето на Неговото најсвето, најслатко и величествено име, преку Кого се држи сиот свет, и земниот и небесниот – духовниот.

Божјата промисла устроила така да се случи со Светиот Апостол Тома, за оние кои не веруваат – да поверуваат, за оние кои се сомневаат – да се утврдат во верата, а за оние, пак, кои веруваат – да се восхитат на преобилното Божјо милосрдие, човекољубие и премудрост со кои Он ги спасува луѓето.

Исус Му рече: Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале!“

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште вечерва и утре претпладне слаб снег, следува период на сончево и топло време

Редакција

Доктор Беќаровски: 88% од новозаразените во Британија од индискиот сој на Ковид-19, не се вакцинирани

Редакција

Во среда и четврток многу топло време, со температури и до 39 степени

Редакција