еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД: Време е Македонија и Албанија да продолжат заедно во следната фаза од процесот на пристапување во ЕУ

САД на билатерална основа водат разговори со Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо, бидејќи време е Северна Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ, порачаа од Стејт департментот.

Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на забрзување на процесот.

На прашање од МИА да се откријат детали и рокови во врска со ова, портпаролот Нед Прајс синоќа одговори дека се продолжува со охрабрување на билатерална основа како на Бугарија, така и на Северна Македонија да ги решат билатералните спорови брзо.

-Но, нема да откривам детали за тие разговори, рече Прајс.

Укажа дека САД одамна се голем поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

-Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави тој.

Тој додаде дека одлуката на ЕУ од март 2020 да се отворат преговорита за пристапување за Северна Македонија и Албанија ја сметаат за позитивен чекор.

-Двете земји ги сработија основните задачи и сметаме дека време е да продолжат заедно во следната фаза од долгиот и полн со предизвици процес на пристапување, повика Прајс.

Додаде дека „историскиот Договор од Преспа покажа дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат тешки работи, да дојдат до компромиси и тешки одлуки, и убедени сме дека Бугарија и Северна Македнија ќе го сторат истото со преговарање на нивните билатерални спорови“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Како од полицаец беше убиена триесет и пет годишна жена во американскиот Конгрес

Редакција

Втор инцидент во Tетовската клиничка болница: Лекар нападнал пациент

Редакција

Намален бројот на позитивни на Ковид-19 за 29,5% во однос на минатата недела

Редакција