еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети очекува во јуни Македонија да добие датум за преговори со ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Одговорајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети деенска изјави дека тој не е од кампот на скептичните и оти се надева дека ова прашања ќе добие позитивен епилог.

– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен, изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“  во Општина Чаир. 

МИА/Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами е стабилна личност и не очекувам големи пресврти во БЕСА за комплетно да се приклучи кон опозициското мнозинство, вели Трајанов

Редакција

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Редакција

ДЗЛП за „ТВ21“: Неовластено снимање, па дури и како мобинг може да се окарактеризира снимката на Трипуновски

Редакција