еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Кои варијанти на Ковид-19 доминираат во Македонија

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика во текот на минатата недела (02-08.05.2022) се изведе тестот за секвенционирање на 43 примероци позитивни на SARS-CoV2.

“Од нив, 8 беа селектирани од пациентите од САРИ надзорот.

Примероците беа селектирани во периодот март- април 2022 година и беа од следните градови: Кавадарци – 12, Скопје – 11, Велес – 7, Охрид – 5, Неготино – 3, Гевгелија- 2, Струга – 1, Кочани – 1, Берово – 1.

Кај 39 примероци беше детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот, кај останатите 4 примероци беше детектирана BA.1 сублинијата.

Во текот на тестот се изведе секвенционирање и на еден примерок позитивен на Инфлуенца А, за кого беше потврдено дека станува збор за H3N2 суптипот“, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување на реинфекциите со Ковид-19

Минатата недела два смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид со раст на извозот од 15% и консолидирани продажби од 202,7 милиони евра

Редакција

Дожд од утре попладне, на повеќе места и обилни врнежи, најави УХМР

Редакција

(Видео) Успешно вградено вештачко срце кај уште еден пациент на д-р Жан Митрев

Редакција