еМагазин
Image default
Македонија

Не е време за предвремени избори, да се одблокира работата на Собранието, велат од ЛДП

Предвремените парламентарни избори во овој момент не се решение за излез од актуелните проблеми, а иницијативите на опозициските партии се поттикнати единствено од партиските интереси и желбата за освојување на власта, е заклучокот на Либерално-демократската партија по синоќешниот состанок на Извршниот одбор, информираат од партијата.

– Сега е неопходно целата енергија на политичарите да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните кои се предизвикани од економската и енергетската криза во Европа, велат од партијата.

Според ЛДП, Владата има доволно капацитет и стручност да се справи со предизвиците и да одговори на потребите на граѓаните.

– Затоа бараме да се нормализира работата на Собранието, кое во овие моменти на криза треба да работи исклучиво во интерес на народот, а не за теснопартиските интереси на поединци или групации, додаваат од ЛДП.

Партијата ја поздравува и историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

– Голема благодарност до Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за праведната одлука, со која исправи една голема неправда која и беше нанесена на македонскиот народ и неговото право да има своја црква, велат од ЛДП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Редакција

Ако не можеме да ги отвориме вратите заради македонскиот јазик, во ред, нема да ги отвориме, вели Димитров

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 833 пациенти со Ковид-19, слободни кревети има

Редакција