еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија испраќа во Македонија 25 пожарникари, 3 противпожарни и 2 амбулантни возила

Во разговорот со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски и останатите надлежни, одлучено е четири возила да одат кон Пехчево, бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на пет километри пред влезот на Пехчево.

Во моментот најзагрозено е подрачјето пред влезот на Пехчево каде е забележлив густ чад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Најтажните црковни ѕвона над Пехчево

Веднаш по пристигнување поради високите температури повлечени хеликоптерите од Пехчевско

(ВИДЕО+ФОТО) Пожар кај Пехчево: Огнот стигна над селата Робово и Умлена

МИА/Фото: Фејсбук/Марјан Пехчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски Кривичен се прогласи за ненадлежен за обвинението за Мерко, го препрати во струшкиот Суд

Редакција

Хрватска ги отвора границите за туристите: Еве под кои услови и кога хотелите ќе бидат отворени

Редакција

Товарниот железнички сообраќај стартува, а патничкиот од вторник, прекинат бојкот

Редакција