еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Андреа ќе пее во Торино, одлучи МРТ, се разгледува можноста Македонија повеќе да не учествува на Евровизија

Македонската радио телевизија (МРТ) одлучи македонската претставничка Андреа Коевска утре да настапи во втората евровизиска вечер во Торино, откако детално ги разгледала сите аспекти за евентуално нејзино повлекување од музичкото натпреварување, по инцидентот со фрлањето на македонското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претставничката за Евровизија, Андреа го фрли македонското знаме за да се фотографира, па се извини

– Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување.

Имено, со откажувањето би се загрозило и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека јавниот сервис ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

– Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската радио телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои десет земји се пласираа во финалето по првото полуфинале на Евровизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патарините во Србија од денеска поскапуваат за 10%

Редакција

Ковачевски во работна посета на САД: Со кој се ќе се сретне

Редакција

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател

Редакција