еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Груевски му „цвета“ бизнисот во Унгарија, за пет месеци неговата фирма има добивка од 10 илјади евра

Унгарската компанија која што неодамна ја основаше екс премиерот Никола Груевски, кој таму доби политички азил откако избега од Македонија, според унгарските медиуми бележи значителен раст.

За кусо време од само пет месеци, според локалните медиуми, тој успеал да оствари нето добивка од 10.000 евра, пренесува Дојче веле.

Компанијата беше регистрирана минатата година во село оддалечено 20 километри од Будимпешта.

Куќа на улицата Бошкаи број 9 од 14 јули 2021 година е дом на новата фирма на експремиерот – Друштвото со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (I.C.I.C.).

Според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, Груевски, при отварањето на фирмата планирал широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.

Главниот фокус на компанијата се деловни консултации, но исто така е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалоци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавноста и комуникација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „црната листа“ на САД и фирмата на Груевски која ја отвори во Унгарија

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гордана Јанкулоска 2015: Шупрајш Зоран Заев 2019: Вери гут“: Твитер реакции за премиерот и руските комичари

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ болниците во Македонија

Редакција

Се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени, вели Џафери

Редакција