еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени, вели Џафери

Претседателот на Собраниетo Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите информира дека се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени и додаде дека согласно Деловникот пленарната расправа за промена на Уставот е ограничена на три дена по амандман.

– Пресметка на време лесно се прави, од моментот кога ќе имате иницијатива. Од инцијативата произлегува опсегот кој што ќе биде опфатен, во кој правец. Ако нема консензус, напразно зборуваме. Колку и да има амандмани, пленарната и комисиската расправа се ограничени на по три дена за уставните измени. Мојата обврска почнува кога ќе добијам конкретен предлог, иницијатива, рече Џафери.

Тој истакна дека за да може уставните измени да се донесат во ноември, постапката треба да почне во јуни или јули.

Спикерот Џафери рече дека е определен максимумот колку може да трае дебатата во однос на амандманот, односно текстот.

– Тоа се што ќе се договори, можно е да се спроведе, ако се постигне договор. Не е пречка, ниту процедурата, ниту тајмингот, ниту времето. Определено е колку може максимум да трае дебатата во однос на амандманот, односно текстот. И во тој контекст тајмингот не менува многу.

Меѓу пленарните седници мора да има по 30 дена, од иницијативата до нацртот 30 дена. Откако ќе се утврди нацртот следи јавна расправа минимум 15 дена, максимум 30 дена. Некоја ориентирана пресметка може да се направи лесно. Јавната дебата ќе биде по сите прашања од 15 до 30 дена, рече Џафери.

Тој информира дека собраниската Комисија за уставни прашања ќе треба да претрпи измени во составот на членовите или замениците членови, поради преминување на пратеници од мнозинството во опозиција.

– Пратениците Павле Трајанов и Сафије Садики Шаини претходно беа дел од владината коалиција, па сега преминаа во опозиција. Сега тие членови треба да бидат заменети со пратеници од владината коалицијата, рече Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е разговарано за други интервенции во Уставот, освен внесувањето на Бугарите и други етнички заедници, тврди Маричиќ

Работната група за уставните измени ќе се формира до крајот на неделата

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Безбедносните сили во Мјанмар досега убија повеќе од 500 цивили, меѓу кои има и деца

Редакција

„Макпетрол“: Природниот гас за април достапен по цена пониска за 13%

Редакција

(Фото) Грчката полиција повлекува нотеси и агенди со знакот на грчката полиција и мапа на кои пишува Македонија и Северен Кипар 

Редакција