еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Работната група за уставните измени ќе се формира до крајот на неделата

Приоритет е Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата, но се размислува и за други потребни измени на Уставот, како што е измената во делот каде министерот за правда по функција е член на Судски совет, регулирање на вакумот со распуштање на Собранието и при смената меѓу еден и изборот на друг министер, како и во делот на тоа што беше проблематично во пандемијата и други прашања како што е делот со 20 проценти за јазикот, вели министерот за правда Кренар Лога.

Лога, на првиот брифинг со новинарите откако е министер, посочи дека ќе мора да се отвора Уставот и дека „прашање на денови е кога ќе биде формирана“ работната група за уставни измени во која ќе учествува широк спектар на општествени чинители.

– За сите овие прашања ќе треба да имаме консензус, но за нас приоритет останува Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата. Ако има расположение кај сите учесници, ние сме подготвени сите овие предлози да бидат дел, изјави Лога, посочувајќи дека негов став е кога веќе се отвора Уставот подобро е сите овие прашања да одат во пакет.

Нагласи дека е во комуникација со сите чинители во државата, со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, како и со претседателот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и лидерот на партијата Христијан Мицкоски и дека е прашање на денови кога ќе биде формирана работната група за уставните измени.

– Очекувам опозицијата да е дел од работната група, не само за уставните измени, туку и за Изборниот законик и сите други работни групи врзани со реформи, не само за правосудниот систем, туку и за други области, изјави Лога, изразувајќи уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се надмине себе си и ќе биде дел од ова, за како што рече, да не бидеме повторно десет години во изолација.

Во однос на тоа дали веќе се разговара за конкретни имиња во работната група, Лога, посочи дека има предлози и некои имиња веќе се на маса, но дека остава простор и за ВМРО-ДПМНЕ.

– Првата недела од мојата работа пратив писмо до ВМРО-ДПМНЕ да предложат свој член на работната група, потоа уште едно и до Мицковски, каде кажав дека го отстапувам и местото претседател на комисијата. Нема да чекаме бескрајно, до крајот на оваа недела ќе почекаме, изјави Лога, на денешниот брифинг со медиумите во Министерството за правда.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Денеска почнува пописот на населението, домаќинствата и становите

Редакција

Судењето за „Беса Транс“ одложено, преставник на Царината не дојде по трет пат

Редакција

(Видео) Еден преживеан сведочи за ужасот при падот на воениот авион во Украина

Редакција