еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе спроведе референдум за присоединување кон Русија

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.

Анатолиј Бибилов (лидерот на отцепениот регион) потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов.

Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија.

Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина. Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош на жителите, им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 43.900 евра: ДИК купува информатичка опрема за изборите 2019

Редакција

За една недела, во Охрид 29, во Струга 55, во Дебар 35 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец на Светското првенство во фудбал во Катар

Редакција