еМагазин
Image default
Локално

Во Општина Центар се враќаат маалските полицајци

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, во секое маало во Општина Центар се враќаат полициските редари-позорникари, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој во присуство на двајца полициски службеници и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје рече дека со овие маалски патроли, кои се враќаат најпрво во Општина Центар, ќе се зголеми безбедноста и спокојот на граѓаните.

-Враќањето на позорникарите во маалата беше барање, но и реална потреба за граѓаните и мило ми е што со МВР успеавме да го реализираме. Отсега секое маало во Општина Центар ќе биде покриено со еден до двајца позорникари кои ќе патролираат и ќе ги заштитуваат граѓаните.

Доколку ги сретнете низ вашето маало запознајте се и побарајте совети како да го заштитите вашиот дом од кражби, кои се сѐ почести во летниот период. Во минатото маалските полицајци беа симбол на безбедноста во едно маало, а родителите беа сигурни да ги пуштаат децата на улица безгрижно да играат.

Се надевам дека оваа сигурност повторно ќе ни се врати, затоа што полицајците позорникари ќе бидат нашите пријатели – заштитници, рече Герасимовски.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена повредена од заталкан куршум во семејниот двор Тетово

Редакција

Кумановската болница го надмина проблемот со недостиг на возила за транспорт на итни случаи

Редакција

Кои се најдобри трговски објекти во Скопје во категоријата „салони за мебел“

Редакција