еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватскиот претседател како Ердоган: Амбасадорот во НАТО ќе добие инструкции да се спротивстави на членството на Финска и Шведска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО да се спротивстави на членството на Финска и Шведска додека не се реформира изборниот закон во Босна и Херцеговина.

Милановиќ смета дека Хрватска не смее да се откаже од условите за членство на Финска и Шведска во НАТО додека не се постигне изборна рамноправност на босанските Хрвати.

– Ова не е чин против Финска и Шведска, туку е за Хрватска, рече Милановиќ на прес-конференција во Пантовчак.

Тој смета дека Хрватите во БиХ се „разоруваат“ како политички субјект и дека во хрватски национален интерес е да се спречи тоа и најави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО Марио Нобило да се спротивстави на членството.

Министерството за надворешни и европски работи минатата недела објави дека во тој случај Нобило мора да го слуша Зрињевац (седиштето на Министерството за надворешни и европски прашања), а не Пантовчак (претседателската палата).

Како пример за борба за националните интереси, Милановиќ ја посочи Турција, која се противи на влезот во НАТО на двете скандинавски земји додека не исполнат некои услови кои ги бара официјална Анкара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган нема да дозволи Шведска и Финска да влезат во НАТО

МИА/Фото: Фејсбук/Милановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Музејот на УЧК во Сопот не е на приватен имот, туку на државно земјиште и е дивоградба, велат од Општина Куманово

Редакција

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Редакција

Почната постапка за одземање на лиценцата на „Беса Транс“, немала извод од лиценца за автобусот

Редакција