еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка донираше додатоци на исхраната во Дневниот центар за стари лица при Црвениот Крст на Град Скопје

Во рамки на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, НЛБ Банка обезбеди витамини, минерали, препарати против остеопороза и други неопходни додатоци на исхраната наменети за унапредување на здравјето на лицата во третото животно доба, информираат од таму.

Донираните додатоци на исхраната се предадени на „Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвениот Крст на Град Скопје, кој обезбедува грижа и здравствена заштита за повеќе од 1.000 лица на месечна основа кои ги користат услугите во дневните центри за стари лица, како и за повеќе од 200 стари и изнемоштени лица во домашни услови.

„Оваа донација е составен дел од долгорочната стратегија за општествена одговорност на Банката, преку која сакаме да обезбедиме поддршка за сите оние општествени групи на кои таа им е најнеопходна.

Токму тоа беше и целта на кампањата „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, во чии рамки веќе дониравме сензорна соба во основно училиште во Македонски Брод за децата и младите со образовни попречености, а сега ја реализираме и оваа помош за старите и изнемоштени лица.

На ваков начин, ние во НЛБ Банка ја остваруваме нашата заложба за создавање инклузивен свет и амбиент на еднакви можности за сите“, истакнуваат од НЛБ Банка.

Дневниот центар за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови е проект на Црвениот Крст на Град Скопје кој се реализира уште од 2011 година. Целна група на проектот се стари и изнемоштени лица кои живеат сами или со својот брачен другар, а кои имаат потреба од медицинска и психо-социјална поддршка во домашни услови, како и активни лица во третото животно доба кои имаат потреба од социјализација и програма за активно стареење во концепт на дневен центар за стари лица.

„Пандемија на Ковид-19 покажа дека токму старите лица се најранлива целна група на која им е неопходно постојана и засилена поддршка која ќе придонесе за подобрување на нивната здравствена состојба.

Оваа донација од НЛБ Банка во форма на неопходни медицински додатоци доаѓа во вистинско време и претставува силна поткрепа на здравјето на овие членови на нашата заедница, за што ние и сите корисници на социјалните услуги на Дневниот центар за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови сме многу благодарни“, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работилници за врсничко насилство за учениците во Гевгелија во рамки на кампањата на „Макпетрол“

Редакција

(Фото) Citroen на парадата по повод 120-годишнината од Парискиот автомобилски саем

Редакција

Значаен јубилеј: Бигорскиот манастир в недела ќе прослави 1000 години од основањето

Редакција