еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите патишта викендов водат кон Грција: На граничниот премин Богородица, изминатите 24 часа од земјава излегле повеќе од осум илјади туристи

Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција и гужва на излезот од земјава кон Грција, која предизвикала некаде до пладне за излез да се чека меѓу 40 минути и еден час, изјавија за МИА од дежурната гранична служба.

И покрај тоа што функционирале сите сообраќајни ленти, имало повремени големи налети на туристи, чиј број на излез од земјава изнесува 8.122 туристи, најголем број од нашата земја и од соседна Србија.

За време на сообраќајниот метеж, кој траел до 12 часот, се случиле и неколку непријатни ситуации на меѓусебни кавги меѓу возачите поради незапазување на редот, како и меѓу камионџиите од истата причина кои сепак завршиле мирољубиво.

Од дежурната гранична служба посочија дека во моментот е празен ГП Богородица и дека не се чека повеќе од пет минути на излез од земјата.

Релаксирана е ситуацијата и на ГП Евзони.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кристал 1923“ преку јавна понуда ќе продава 50.000 сопствени акции

Редакција

Османи ќе проверува кој стоел позади македонскиот клуб кој викендов се отвара во Благоевград

Редакција

Прекршочна постапка за бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, Тупанчевски и Министерството за правда

Редакција