еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Цените допрва ќе растат, подгответе се за тешко време

Новиот раст на цените е само почеток на уште поголема криза која допрва следи, чие финале најверојатно ќе го видиме зимоска околу Нова година, ако имаме среќа.

За да се предви тоа не треба да сте некој посебен експерт. Додека уште вистински не ги почуствуваме ефектите од посковид кризата и пореметувањето на трговските синџири, Русија ја нападна Украина, што дополнително ги потресе светските пазари на храна и енергенси, и ако на тоа го додадете фактот дека Македонија и пред тоа беше во криза, а e и сиромашна земја, добивате најава за „супер“ криза и нови покачувања на цените.

(Не) способност на македонските власти е елемент плус, а и не треба да се заборави дека Македонија има пазарна економија, која и нема баш многу алатки на располагање за да може да интервенира на пазарот, без сериозни последици за граѓаните од една страна и за трговците од друга.

Никој не знае кога ќе заврши војната во Украина, а и кога тоа еден ден ќе се случи, работите нема да бидат како порано, а и цените никогаш нема да вратат на нивото пред општата криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците најдоа “лек“ за новите цени – Диазепам

Храна и енергеси ќе има, но вистинското прашање е кој ќе може да си ги дозволи.

Секако властите не треба да седат со скрстени раце додека ја живееме кризата и сериозно треба да се фатат за работа, не со краткорочни контрадикторни решенија и патетични пупулистички изјави, туку со долгорочни решенија за справување за нашите потреби за храна и енергија. Илјадници ниви се непосеани, а и вистинско време е да се грееме од сонцето. Нели земја на сонцето бевме.

Во меѓувреме подгответе се финански за тоа што допрва доаѓа, и ако сте во можност направете си сериозен план за штедење.

Оваа криза ќе ја живееме не само годинива, туку во најдобро сценарио и следната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново поскапување на горивата: Цената се зголемува до три денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев со писмо до ЕУ: Загрижен е за лобирањата за Македонија, резолуцијата на германскиот Бундестаг, извештајот на ЕУ за земјава

Редакција

(Фото) Невреме предизвика поплавување и штети во гостиварско

Редакција

Гаши се молеше во Собрание, нарушена секуларноста на државата

Редакција