еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владејачката Има таков народ не сака да ја спречи Македонија да влезе во ЕУ, но таа мора да биде доверлив партнер, вели меѓународниот секретар на партијата

Ставот на Има таков народ (ИТН) е да не ја спречи С.Македонија да влезе во ЕУ, но смета дека таа треба да биде доверлив партнер, изјави меѓународен секретар на партијата Димитар Грдев.

– Мора да имаме апсолутни гаранции дека ќе се почитува Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и С.Македонија, дека ќе престане говорот на омраза, дека ќе се почитуваат правата на Бугарите во С.Македонија, дека ќе имаме пријателски сосед, изјави Грдев за Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Грдев, во актуелната меѓународна криза однесувањето на земјава мора да биде во согласност со сложениот геополитички миг во кој се наоѓаат светот и регионот.

Тој нагласи дека Бугарија е сериозна земја која ги поддржува напорите на ЕУ и НАТО и фактор за стабилност во балканскиот регион, па е нечесно е да се каже дека „заштитата на бугарските национални интереси е дел од хибридната војна на Кремљ на Балканот“.

Партијата Има таков народ, чиј лидер е телевизискиот водител Слави Трифонов, е дел од владејачката коалиција во Бугарија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Украина објави снимка од убиени руски „саботери“ во Киев

Редакција

Филмот „Сестри“ е македонски кандидат за Оскар

Редакција

(Фото) Бугарија го затвора здружението кое го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Редакција