еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Попис 2021: 20% од активното население работи во преработувачка индустрија, 17% во трговија

Според секторите на дејноста на вработените од вкупното активно население на возраст од 15 и повеќе години, најголем дел или 20 проценти се во Преработувачка индустрија и 17 проценти во Трговија на големо и трговија на мало.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Според секторите на дејноста на вработените од вкупното активно население на возраст од 15 и повеќе години: 123.347 лица или 20 проценти се во Преработувачка индустрија, 104.185 лица или 17 проценти се во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 47.071 лица или 7,7 проценти се во Јавна управа и одбрана. задолжително социјално осигурување, 42.560 лица или 7 проценти се во Дејности на здравствена и социјална заштита, 40.414 лица или 6,6 проценти се во Образование, 33.705 лица или 5,5 проценти се во Градежништво, 33.441 лица или 5,5 проценти се во Транспорт и складирање, 30.074 лица или 4,9 проценти се во Земјоделство, шумарство и рибарство, 24.640 лица или 4 проценти се во Стручни, научни и технички дејности, 23.623 лица или 3,9 проценти се во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 20.827 лица или 3,4 проценти се во Административни и помошни услужни дејности, 20.367 лица или 3,3 проценти се во Информации и комуникации, 13.529 лица или 2,2 проценти се во Уметност, забава и рекреација, 11.546 лица или 1,9 проценти се во Други услужни дејности, 11.163 лица или 1,8 проценти се во Финансиски дејности и дејности на осигурување, 10.457 лица или 1,7 проценти се во Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, 8.327 лица или 1,4 проценит се во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, 4.333 лица или 0,7 проценти се во Рударство и вадење на камен, 2.083 лица или 0,3 проценти се во Дејности во врска со недвижен имот,  255 лица или 0,04 проценти се во Дејности на домаќинствата како работодавачи, 739 лица или 0,12 проценти се во Дејности на екстратериторијални организации и тела и 1.834 лица или 0,3 проценти се во непознати дејности.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Румена Бужаровска е новото големо име во ТРИ: Женскиот глас што надалеку се слуша, во ново издание

Редакција

Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Цариград за автокефален статус на МПЦ-ОА

Редакција

И македонската економија губи од загадувањето

Редакција