еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија не е виновна за извоз на житото, Украина ги минираше пристаништата, вели Путин

Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека Москва го спречува извозот на украинско жито. Според него Русија воопшто не се меша во тоа и посочи дека постојат неколку начини да се извезе житото.

– Ние не ги миниравме приодите кон пристаништата. Украина ги минира, рече Путин.

Тој го потенцираше извозот на жито преку Белорусија како една од извозните можности, но мора да бидат укинати санкциите против Белорусија.

Според него, првиот начин е извоз преку пристаништата кои се под контрола на Украина, пред сè пристаништата во црноморскиот басен, Одеса и блиските пристаништа.

Путин ја обвинува Европа за нејзината како што рече „кратковидна политика“ кои ја предизвикаа кризата во енергетскиот сектор. Санкциите против Русија ги нарече „глупави“ а политиката погрешна, која води во ќорсокак.

Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција

(Фото) Кујтим и Афердита возеа со велосипед од Виена до Горно Строгомиште кичевско, со порака за „чист воздух”

Редакција