еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Радев повика ветото за Македонија да остане додека да се формира ново парламентарно мнозинство

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара ветото за Македонија да остане сè додeка не се формира ново парламентарно мнозинство во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој посочи и дека е важно ветото за Македонија да опстои во согласност со усвоената рамка на консултативниот Совет за национална безбедност.

„Политичката криза е факт. Но, за разлика од претходните кризи, оваа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина. Партиите застапени во парламентот мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи ни треба одговорно и одржливо владеење.

Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, Владата мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка на бизнисот.

Ветото за Северна Македонија да остане во согласност со рамката усвоена на консултативниот Совет за национална безбедност и да се обезбеди функционалност на државата“, изјави Радев.

Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турски театар – Скопје склучи договор со Универзал-Балкан вреден 1,5 милион евра

Редакција

Кој е новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ: Боксер, премиер и советник на Еди Рама

Редакција

23.000 странци поседуваат имот во Црна Гора

Редакција