еМагазин
Image default
Локално

За 30% поскапува такси-превозот во Штип

Цената на такси услугата во Штип од утре се зголемува за 30 отсто. Претседателот на Здружението на такси компании, Глигор Арсов, изјави дека одлуката е донесена синоќа на состанокот со што ги укинуваат гратис километрите.

Појасни дека секој повик на граѓаните да им дојде такси возилото ќе ги чини 70 денари, додека секој километар дополнителни 25 денари. Најкратките релации ќе чинат 80 или 90 денари, додека подолгите ќе бидат над 100 денари. Висината на цената на стартот не се менува, бидејќи е потребна одлука на Советот на Општината.

-Ние не сме економисти, но и досега ја следевме цената на горивата. Досега беше еден литар нафта, толку и старт. Нафтата се очекува да оди и до две евра или 120 денари. Владата да донесе и нови мерки од 1 јули, намалување на акцизи или данок ќе значи намалување некаде за 5 до 10 денари. Вака ќе возиме до септември, по што очекуваме ново зголемување, рече Арсов.

Такси компаниите бараат промена на Законот за патен сообраќај, со што ќе им овозможи формирање на цените согласно пазарните услови. Доколку нема владини мерки за стабилизирање на цените на горивата тогаш ново поскапување ќе има уште еднаш во јули и на почетокот од септември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ужас во селото Сенокос: 18-годишник ја силувал неговата полусестра и ѝ се заканувал да не кажува на родителите

Редакција

Кривична пријава против обезбедувачот во „Сити мол“ за лажна пријава на бомба

Редакција

На улица во Скопје пронајдена 29-годишна девојка прободена со нож, била нападната од три лица

Редакција