еМагазин
Image default
Балкан

Загинале цели семејства и шестмесечно бебе: Објавена листата со жртвите од катастрофалните пожари во Грција

Цели семејства, баби и дедовци со внучиња, мајка со син, татко со две деца, брачни парови, странски државјани, две неидентификувани лица, 44 жени, 35 мажи и 11 деца содржи листата на 92. загинати во катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика на 23 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од две седмици по трагедијата, од Генералниот секретаријат за цивилна заштита ги објавија имињата на загинатите лица.

Најмладата жртва е 6-месечно бебе, а најстарата 95-годишна жена.

Загинатите деца се родени меѓу 2007 и 2013 година.

Освен 9-годишните близначки по кои трагаше Грција, а нивните тела беа меѓу јагленосаните, пронајдени прегрнати со нивните баба и дедо, на листата со жртви има и други две близначки, родени 2013 кои загинаа заедно со нивната мајка и баба.

Бебето, кое не дочека да биде крстено, родено е на 23 јануари годинава, а трагично го загуби живото точно 6 месеци подоцна, на 23 јули во катастрофалниот пожар

Меѓу загинатите има државјани на Ирска, Полска и Белгија.

На листата со жртви се и двете неидентификувани лица за кои има достапна ДНК, меѓутоа не постојат роднини за да се направи споредба и анализа.

Меѓу 92 загинати се и деветте лица кои им подлегнаа на повредите во атинските болници.

МИА/Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица убиени и двајца ранети во престрелка во Албанија, поради поделба на плажа на приморјето

Редакција

На Ева Каили, суспендираната потпретседателката на Европскиот парламент и членови на нејзиното семејство им го замрзнаа имотот

Редакција

(Видео+фото) Премиерката на Србија со девојката на Парадата на гордоста во Белград

Редакција