еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Косово, маслото за јадење чини 3,50 евра за литар

Косовскиот премиер Албин Курти, по поскапување на цената на сончогледовото масло во дел од маркетите во државата на дури 3,50 евра за литар, изјави дека Косово има најскап зејтин во светот, но дека тој пораст на цените не е резултат на реалната состојба на пазарот, јави дописникот на МИА од Приштина.

По посетата на фабриката за обработка на маслото во Гњилане, Курти изјави дека за таквото поскапување нема причини и дека тоа е резултат на желбата на дел од трговците да профитираат од светската криза предивикана од руската агресија врз Украина.

– Се работи за вештачко надувување на цената на штета на граѓаните. Нема никаква причина, ниту потреба за такво поскапување. Моментно цената на маслото во Република Косово е највисока во светот, но овие поскапувања се направени од факторот човек, а не од објективната состојба на теренот. Овие надуени цени мора да се издуваат, рече Курти.

Тој апелира до граѓаните да не креваат паника, затоа што, како што информира, само во гњиланската фабрика има околу 300 илјади литри масло, кое, откако ќе се обработи, според потрошувачката во Косово, е доволно за најмалку еден месец.

– Во меѓувреме, во текот на овој месец, ќе се заложиме како влада, со пријателските држави, со нашите сојузници, да најдеме извори на сировина на необработено масло, со цел, по обработката кај нас, да нема недостиг на пазарот, изјави Курти.

Тој додаде дека инспекторите вршат документирање на можните прекршувања на законите за заштита на потрошувачите и ќе се преземат соодветни мерки, не само против злоупотребите, туку и за спречување на натамошните прекршувања.

Цената на сончогледовото масло во текот на завчерашниот ден во Косово се покачи од околу 1,60 на 2,30 евра, а само 24 часа подоцна во голем број продавници се продаваше со цена од 3,49 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата времено забрани извоз на масло за јадење: Во време на криза, трговците за една недела извезле 330 тони

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе корегирано предлог референдумско прашање за францускиот предлог

Редакција

„А малите и средните?“: Твитер за изјавата на Адеми дека големите дивоградби во Охрид се броеле на прсти

Редакција

Истрага за барокната фасада на Владата: 30 дена притвор за првоосомничениот, за второосомничениот – куќен притвор

Редакција