еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Tивко започнува ширењето на вирусот најверојатно потсојот BA4 или ВА5, шансите за нов бран се огромни

Денеска е 835-ти ден од официјалниот почеток на епидемијата на Ковид-19 во Македонија и зад нас веќе имаме четири големи брана. Четири врва и четири дола, а според индикаторите дојдовме до дното на последниот дол, пишува професорот Дејан Трајковски во најновата ковид-анализа.

„Веќе неколку дена мериме зголемена преносливост, со последен седумдневен просек на ефективниот репродукциски број Rt = 1,16 ± 0,67 и тенденција на понатамошен раст (на првиот дијаграм).

Веќе 4 дена едноподруго имаме секој ден сé поголеми дневни броеви на нови случаи, споредено со 7 дена претходно. На втората слика, фазниот портрет I-T (активни наспроти вкупно случаи) убаво се отцртува долот, крајно десно на дијаграмот.

Малиот број на тестирања поради неработниот петок пред Духовден, се совпаѓа со долот и можеби дава лажен сигнал, но тоа бргу ќе се дознае веќе следниот вторник, по викендот. Доколку тогаш видиме преку 100 случаи за трите дена, ќе имаме потврда дека започнува новиот бран.

Стапката на позитивни тестови (црвената линија на третиот дијаграм) ни дава уште една потврда дека нешто се случува, односно дека тивко започнува ширењето на вирусот во популацијата, најверојатно потсојот BA4 или ВА5.

Шансите за нов бран се големи, по слободна проценка околу 80%.

Речиси низ цела Европа бројките растат – од Велика Британија, преку Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија до Грција, така што прашање на денови е кога ширењето ќе стане видливо и кај нас.

За тоа има услови, пред сé поради укинувањето на сите мерки, и одржувањето на вирусот во циркулација сето ова време од јануари до сега. Дневните бројки беа за 3-4 пати поголеми од истиот период минатата година, односно немавме намалување како што би требало да има.

Што можеме да очекуваме од новиот сој? Најпрво, многу помал врв отколку претходните. Тој заклучок го извлекуваме од примерот на Португалија, каде бранот најпрво се појави и веќе го помина максимумот, при релативно мали бројки, споредено со јануарскиот бран.

Второ, помалиот број на нови случаи, при еднаква стапка на леталитет како и досега (околу 1,5% од дијагностицираните) може да донесе помал број на смртни случаи.

Повторно споредувајќи со Португалија, во нашиот случај тоа би одговарало на максимум 10 смртни случаи на ден, иако – се разбира – тука нема никаква гаранција.

Како што гледаме од четвртиот дијаграм, стапката на леталитет од пристигнувањето на омикрон сојот цело време се движи во просек околу 1,5%, без тенденција за намалување, што секако не е добра вест.

Според инфектолозите, кои велат дека леталитетот од 1% не заслужува внимание (на пример кај мајмунската чума), доколку немаме голем број на заразени летово (уште една добра околност), бројот на починати и од потсоевите BA4/BA5 не би требало да биде причина за грижи.

Но, најпрво да почекаме да дојде вторник, па тогаш ќе правиме нови прогнози со најновите податоци,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Ниту една земја нема да биде поштедена од новите потсоеви BA4 и BA5 на омикрон сојот

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште три дена пеколни температури, во четврток невреме ќе донесе мало освежување

Редакција

(Фото) Кој го пречека Папата Франциск на аеродромот во Скопје

Редакција

„Сан експрес“ ќе лета до Измир и Анталија и во зимскиот ред на летање од скопскиот аеродром, информираат од ТАВ

Редакција