Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук-профил.
„Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:
– Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет.
– Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка.
– Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот.
– Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.
– Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Северна Македонија,“ пишува Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог
За лидерката на владејачката ДОМ, Морачанин, францускиот предлог не е добар
Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог
Фото: Влада