Бугарското Собрание вчера со 116 гласови „за“ Владата и 123 “против“, од вкупно 239 пратеници изгласа недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гласањето за недоверба беше поднесено од партијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов.
Со тоа Кабинетот на доскорешната четирипартиска коалиција, од која неодамна излезе „Има таков народ“, не ги доби потребните 121 гласови во пленарната сала, за да остане на власт.
Ова е прво успешно гласање за недоверба на Влада на Бугарија во нејзината понова историја.
Аргументот на најголемата опозициска партија беше „неуспех на владата во финансиската политика“.
Што следи
Сега претстои владата да си поднесе оставка. Претседателот на државата треба да почне консултации со партиите во Парламентот.
Според процедурата предвидена во Уставот на Бугарија, доколку гласањето недоверба на актуелна влада биде поддржано од мнозинство пратеници, ќе се направи нов обид за формирање на кабинет во рамките на тоа Народно собрание.
Првиот мандат ќе го добие најголемата група – „Продолжуваме со промената“ на Петков, вториот до вториот по големина – ГЕРБ-СДС, а третиот ќе биде доделен на една од другите групи избрани од претседателот на државата.
Ако и тогаш не се избере кабинет, шефот на државата назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува избори.
Падот на Владата на Петков е кулминација на политичката криза во Бугарија откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов ја напушти владината коалиција на 8 јуни.
Трифонов тогаш рече дека ја напушта владата поради Македонија, тврдејќи дека Петков води паралелна надворешна политика од официјалната предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, која е од редовите на ИТН.
Владата на Петков, беше избрана со 134 гласа „за“ на 13 декември 2021 година, по одржани три циклуси парламентарни избори во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петков планира да прави нова влада
МИА/еМагазин/Фото: Влада