еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Петков планира да прави нова влада

Не е време да кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат“, изјави за Нова ТВ премиерот во оставка Кирил Петков.

Според Петков, јавува дописникот на МИА од Софија, нема подобар вицепремиер и министер за финансии на Бугарија од Асен Василев, кој ги фатил обидите за кражба на пари од досегашниот министер за регионален развој Гроздан Караџов, кој е од партијата на Слави Трифонов.

Петков кажа дека неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ и ќе ја претстави својата програма за следните шест месеци и за една година.

Според него, ако успеат да соберат 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкусните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ“.

Бугарскиот претседател Румен Радев ниту еднаш не и помогнал на владата и постојано ја критикувал, коментира Петков.

-Радев немаше конструктивна улога ниту на темата Северна Македонија, дециден беше Кирил Петков.

Премиерот во оставка коментираше дека не го разбира Радев и дека за вакви важни национални прашања сите требало да седнат и да одлучат што да прават по ова важно прашање, бидејќи имало многу добар предлог од француското претседателство со ЕУ, кој ги штити интересите на Бугарија.

-Дали ГЕРБ и Бојко Борисов ќе се вратат на власт во Бугарија зависи од луѓето на улица и гласачите во неа, коментира Кирил Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што следи по паѓањето на владата на Петков, која е процедурата

Падна владата на Петков

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судбината на Универзална сала останува во рацете на Град Скопје, советниците не изгласаа да премине во надлежност на Владата

Редакција

СВР-Битола апелира на внимателност заради измами со откуп на злато

Редакција

Фотографија од Јанева со снопче пари од по 500 евра пред неа во мобилниот на Боки 13

Редакција