еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фотографија од Јанева со снопче пари од по 500 евра пред неа во мобилниот на Боки 13

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, седната на гарнитура, завитката во ќебе, а пред неа снопче со пари во апоени по 500 евра.

Ваква фотографија беше презентирана на денешното рочиште за „Рекет“, а истата е од мобилниот на Бојан Јовановски-Боки 13.

На судењето на кое денеска се презентираа материјални докази, беше посочено дека истата е направена на 4. април, 2019 година во домот на Јанева.

Јанева во мобилниот на Боки 13 ја има и на други фотографии направени во нејзиниот дом, нејзината канцеларија во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), ресторанот „Ден и ноќ“…, како и на кратко видео во кое вели: „Па планираме, а што ќе одлучат, ќе видиме”.

На фотографијата од ресторанот, Јанева држи плик и го става во чанта, а на фотографијата од СЈО во раката држи документ.

Случајот „Рекет“ го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември лани, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Боки 13 и адвокатот Димишков ја нарекувале Јанева „мајка“

Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил: „ги видов доказите, ова е чист рекет“

Лекари утврдија дека Боки 13 може да го следи судењето за „Рекет“, боледува од гастритис, а не од канцер

Фото: Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Претседателот Пендаровски неуморен: Си соши сако кај „Иска и Џељо“, па ја однесе Бети на концерт на Ерос Рамацоти

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот

Редакција

Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски

Редакција