еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград, не сум сигурен дека ќе има решение за Македонија, вели Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Македонија.

– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

– Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случи, додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

– Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно, додаде Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поповски: Барам прочка од сите Вас, кои изминативе три децении ги убедував дека ЕУ е синоним за вредности

Колумна на Едвард Џозеф: Време е да се вмеша Бајден и да го заузда бугарскиот национализам

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 25 лица од Ковид-19, меѓу нив и 34-годишен кумановец

Редакција

На граничниот премин Блато приведено лице од Албанија барано по потерница од францускиот Интерпол

Редакција

Со новата бонбониера „Sorry“ на Витаминка – полесно e да се извините

Редакција