еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поповски: Барам прочка од сите Вас, кои изминативе три децении ги убедував дека ЕУ е синоним за вредности

Првиот министер за животна средина, Тони Поповски, го отфрла со голема резигнација.

„Јас сум човек кој над 30 години во континуитет, со страст и верба, и докрај посветено, работеше на исполнување на сите критериуми за членство на Македонија во ЕУ.

Ваков француско – бугарски предлог кој по се изгледа ќе стане квази-европски предлог, го отфрлам со голема резигнација.

Не сакам ваков почеток на преговори, ниту пак зачленување во ЕУ под вакви квази-европски, а во суштина еднострани и несензибилни, национал популистички услови.

За жал, доколку останеме исправени (а треба) со цврста морална и етичка вертикала, ЕУ како дестинација е недостижна за нас. Затоа барам прочка од сите Вас, кои изминативе три децении ги убедував дека ЕУ е синоним за вредности. Очигледно сум бил во голема заблуда.

Ако ЕУ е блокирана дестинација за нас, и ако не сме добредојдени како Македонци тогаш да се обединиме околу визија за правење на Македонија, пристоен дом за сите.

Притоа, да развиваме билатерална соработка со оние држави кои имат чесен, фер, искрен и пријателски однос кон нас.

No pasarán! Ils ne passeront pas,“ пишува Поповски на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог

Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог

Фото: Фејсбук/Поповски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршителката која го нападна новинарот Салиу физички нападнала и полицаец

Редакција

Една година по првиот случај со Ковид-19 во Македонија: Пандемијата повторно се разгорува

Редакција

Судскиот совет ќе распише нов оглас за судии за пополнување испразнети места во судовите низ државава 

Редакција