Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Македонија е направена ненамерна грешка, информира Министерството за надворешни работи.
Според МНР, при разговорот на Османи му е потврден официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Македонија, како и соодветните придавки, на начин како што тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор.
Реакцијата уследи по две изјави на Макрон во кои ја употреби придавката „Северномакедонци“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“
Фото: Влада