еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот

САД ги поздравуваат напорите на Франција да постигне успешно решение и остануваат подготвени да играат конструктивна улога во олеснување на компромисот, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, на прашањето како го коментираат предлогот на Париз за тргање на бугарското вето за евоинтеграцијата на Македонија.

– Со оглед на значењето на овој процес за земјите од регионот и за Европа пошироко, се надеваме дека дипломатските напори ќе продолжат, и ќе продолжиме да ја нудиме нашата поддршка онаму каде што е од помош. Ја поздравуваме Франција за нејзините напори да постигне успешно решение за што побрзо започнување на официјалните преговори.

Преговорите се` уште се во тек, а ние остануваме подготвени да играме конструктивна улога во олеснувањето на компромисoт, вели портпаролот.

Во изјавата се посочува дека Македонија и Албанија ги поставиле темелите и оти сега е време да се придвижат напред кон следната фаза во процесот на пристапување.

– САД се силен поддржувач на интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ. Ние веруваме дека иднината на Западен Балкан е целосно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долгорочен мир, стабилност и просперитет во целиот регион, стои во изјавата, во која се наведува и дека САД ги земаат предвид „многуте изјави на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија и Албанија во ЕУ за зајакнување на безбедноста на Европа, како и за нашата колективна безбедност“.

Францускиот предлог беше изгласан во Собранието на Бугарија минатата недела, додека премиерот Димитар Ковачевски го отфрли како неприфатлив во сегашната форма, со можност разговорите да продолжат доколку се направат прифатливи измени.

Ковачевски рече дека државата има три клучни барања за преговарачката рамка, а тие се целосно признавање на македонскиот јазик, историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и преговорите да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот.

Тој смета дека се потребни и гаранции оти нема да има нови услови од Бугарија и од Европската Унија.

Претседателот на Франција Емануел Макрон го поздрави изгласувањето на предлогот во бугарското Собрание, и најави дека во наредните денови ќе продолжат разговорите со партнерите во  Македонија.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Панчевски не се произнесе по обвинението, неговиот адвокат бара изземање на велешкиот Суд

Редакција

19-годишна Косоварка си „купила“ италијанска лична карта и здравствена легитимација во Македонија за 1.000 евра

Редакција

МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв кај граѓаните

Редакција