еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да реагира и да се симне имунитетот на пратеникот на ДУИ, Адеми

Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владеачкото мнозинство во Собранието. Вчера на комисијата за европски прашања пратеникот и претседател на комисијата Арбер Адеми дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети по пратеници, изјави Дафина Стојаноска, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“.

“Очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата. Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството.

Јавноста виде дека вчера на Комисијата спротивно на Деловникот, Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен.

Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата.

Основот за ова насилие е носење на закон за противправно продолжување на мандатот на Кацарска судиите и Русковска обвинителите кое владеачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка.

Ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело. Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом.

Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување, бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува.

Ваквата нервоза и насилство го покажува тоталитарното лице на власта, но во исто време и слабоста и очајот кој владее кај нив затоа што знаат дека паѓаат“, изјави таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот засилен ветер, повремени врнежи од дожд и опаѓање на температурата

Редакција

(Видео) Лемурите во Зоолошката градина се „подновија“ со четири бебиња

Редакција

Тројца новозаразени со Ковид-19 во Куманово, еден во Липково

Редакција