еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски во Мадрид се сретна со Шолц, разговарале за ЕУ, НАТО, Западен Балкан, војната во Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, на која било разговарано за билатералната соработка меѓу Македонија и Германија во политичко-безбедносната и одбранбената област, како и за состојбата со македонските евроинтеграции, при што соговорниците ги оцениле односите меѓу двете држави како пријателски, исполнети со доверба и заемно почитување.

Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, изразил благодарност за силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отпочнувањето на пристапни преговори со ЕУ.

На средбата, исто така, се разговарало и за безбедноста и стабилноста на земјите од Западен Балкан, во контекст на руската инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски ги истакнал македонските позиции за руската воена агресија во Украина, потврдувајќи ја цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Двајцата разговарале и за процесот на проширување на НАТО, при што претседателот Пендаровски нагласил дека С. Македонија е силно посветена на политиката на отворени врати на Алијансата, а со членството на Финска и Шведска во НАТО дополнително ќе се зајакне безбедноста на Алијансата.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН Хоум

Редакција

Унгарски медими: Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, со помош на српските власти

Редакција

Отфрлена кривичната на судијката Неделкова против Здравев и двајца членови на Судскиот совет

Редакција