еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Македонија дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО

Претседателот на државата Стево Пендаровски во рамки на Самитот на НАТО во Мадрид, учествуваше и се обрати на првата сесија на состанокот на Северноатлантскиот Совет, што се одржува на ниво на шефови на држави и на Влади, а со кој претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Со цел успешно справување со асиметричните закани и предизвици, потребно е зајакнување и адаптирање на одбранбените капацитети на НАТО и во таа насока С.Македонија дава целосна поддршка на новиот Стратегиски концепт на НАТО, документ кој треба да ги даде насоките за идните задачи на Алијансата, истакнал во своето обраќање претседателот Пендаровски“, се наведува во соопштението од неговиот Кабинет.

Потребно е, додал тој, да испратиме силна порака за нашето заедништво како сојузници во овие времиња на нестабилност и зајакнување на авторитаризмот.

Шефот на државата Пендаровски ја повторил поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамки на нејзините меѓународно признати граници и посочил дека С. Македонија дава целосна поддршка за Сеопфатниот пакет на НАТО за поддршка на Украина.

Во таа насока, тој истакнал дека изразуваме солидарност со нашите сојузници од Источното крило и дека земјава ќе продолжи со активностите во рамки на југоисточното крило на Алијансата.

Пендаровски посочил дека Западниот Балкан е регион од стратешка важност, чија иднина е во НАТО и ЕУ, и НАТО треба да продолжи со зајакнување на партнерите преку поддршка на нивните капацитети и отпорност кон малигни актери.

„Претседателот истакна дека НАТО останува единствен, суштински и неопходен трансатлантски форум за консултации, координации и акција за сите прашања кои се поврзани со нашата индивидуална и колективна безбедност, посочувајќи дека ни се потребни повеќе ресурси за одржување на амбициите за НАТО 2030, а со цел Алијансата да се адаптира на задачите кои и претстојат во иднина“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен одлучи: Томор Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Редакција

Силјановска за гафовите: Поважно е да не згрешите за тезите, отколку за име на град

Редакција

Свети Николе за неколку дена стигна до 105 активни случаи на Ковид-19

Редакција