еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Даниловски: Со Ковид-19 ќе се заразуваат и оние што веќе прележале и што се вакцинирани, мал дел ќе завршат во болница

Проф. д-р Драган Даниловски за Нова Македонија, кометирајќи го порастот на новозаразени со Ковид-19 вели дека периодов што следи ќе се заразуваат и оние што веќе прележале и оние што се вакцинирани.

-И најчесто лесно ќе поминуваат. Само мал дел ќе завршат во болница. Некои, за жал, и полошо ќе поминат. Тоа ќе бидат исклучиво граѓани со компромитиран имунитет, многу старите и оние со хронични болести, вели тој и појаснува дека летново бранување и есенското, сигурно посилно – и сите наредни, општо земено, не треба да ни го реметат мирот.

– Со короната е завршено, иако таа за тоа сѐ уште не е докрај „свесна“… Енергијата да си ја штедиме за соочување со некои други предизвици што ни се анте портас, вели тој и дообјаснува:

– Вирусот сѐ уште не е докрај адаптиран на човекот. За да се „спитоми“ (адаптира) уште повеќе и да не претставува веќе опасност ниту за ризичните поединци, веројатно ќе поминат години. Секоја наредна година ќе биде полесна од претходната.

Шансите за успешен лов ќе му се зголемуваат значајно во ладните месеци.

Изблиците на агресија што (ќе) ги пројавува повремено во форма на создавање на нови мутанти се (ќе бидат) сѐ појалови обиди да се избори за поповолна позиција на бојното поле.

И неизбежно, еден ден ќе стане петти член на семејството коронавируси, кои предизвикуваат настинки (сега ги има четири).

Тој сѐ повеќе (ќе) учи да живее покрај нас. Време е да научиме и ние да живееме со него. Како? Општо земено, преку повторувани и неизбежни блиски средби со него. За постојано имунитетот, личен и колективен, да го одржуваме на високо ниво. Ова не важи за постарите од 65 години и хронично болните, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Новите типови на омикрон брзо се шират особено кај младите, но поминува како настинка

Д-р Даниловски објаснува за клиничката слика која ја предизвикуваат БА.4 и БА.5 варијантите на омикрон

Проф. Трајковски: Бранот е започнат, а реинфекцијата со Ковид-19 кумулативно додава ризици за хоспитализација и морталитет, покажуваат најновите истражувања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Се враќаме во нормализација со Ковид-19, нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци

Редакција

Периодот на нестабилно време продолжува: Дожд и грмежи и следните денови

Редакција

На 42-годишна возраст почина директорот на Железници Транспорт, Мубекир Палоши

Редакција