еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски бара Владата да го објави предлогот, вели дека во него нема ништо друго освен „два модифицирани збора“

ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено модифицираниот француски предлог и бара од Владата да го објави на својата веб страница. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека според информациите со кои располагаат, модифицираниот предлог не е ништо друго освен два модофицирани збора различни од предлогот што циркулираше во изминатиот период во јавноста.

– Овој модифициран предлог го немаме ниту видено, ниту истиот го имаме прочитано, но можеме да споделиме со јавноста дека врз основа на информациите со кои располагаме, тој не е ништо друго освен два модифицирани збора различни од предлогот којшто циркулираше изминатиот период во јавноста и беше претставен како последен француски предлог, односно ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство, изјави вечерва Мицкоски по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека досега немаат добиено никаква покана, а според информациите што ги има, предлогот не бил поделен ниту на вечерашната владина седница.

– Она што најмалку требаше да го направи Ковачевски оваа вечер е да го закачи предлогот на веб-страницата на Владата на Република Македонија, vlada.mk. Доколку таму го видиме предлогот, тогаш ќе можеме сите ние што сме овде собрани и сите оние коишто не се овде собрани, да го дадат своето мислење, бидејќи велат дека ќе има широка дебата.

А имам информации дека дури и на седницата на Влада воопшто не бил поделен предлогот на министрите, односно членовите на Кабинетот на Ковачевски. Зарем не е тоа доволен основ да се сомневаме дека всушност имаме дипломатски нокаут и капитулација, рече Мицкоски.

Симптоматично за Мицкоски, е тоа што францускиот предлог бил веднаш прифатен од страна на бугарскиот државен врв и тоа што албанскиот претседател Еди Рама знае дека предлогот е прифатлив за македонскиот народ.

– ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати решение штетно за народот и за иднината на Македонија, рече Мицкоски, додавајќи дека нема да прифати промена на Уставот со цел вклучувања на бугарските барања дури и по цена на неговата политичка кариера.

Црвените линии за партијата, како што посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се македонски јазик без условувања и без фусноти.

– Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се дека нема да прифатиме ниту во преговарачката рамка, ниту во било кој документ на ЕУ, македонскиот јазик да биде ништо друго освен македонски јазик, без никаква фуснота, без никакви унилателарни изјави, без никакви дополнувања, одземања или наддавања. Македонски јазик без условувања и без фусноти. Сето останато вклучително и некакви си протоколи, вклучително и Договор за добрососедство не може никако да биде дел од преговарачката рамка, рече Мицкоски.

Одлуката за најавените протести, како што изјави Мицкоски, е изменета со цел како партија да се фокусираат на решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема нов француски предлог кој се разликува од тој што бугарското Собрание веќе го одобри, вели бугарската министерка Генчовска

Ковачевски не откри многу детали за францускиот предлогот: Историските прашања не се дел од преговарачката рамка

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи не се чувствува повикан да коментира за нападот на синот на Муса Џафери врз претседателот на РКЕ, Бислимоски

Редакција

Неколку дена трае потрагата по 18-годишна девојка од Лабуништа

Редакција

Убава вест: Оздравени осум болни од Ковид-19

Редакција