еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Резултати од државната матура: Средната оценка од екстерните испити е 3,78 и е повисока од лани

Првичните резултати од двата екстерни испита од годинашната државна матура се пратени до училиштата, а денеска напладне ги објави и Државниот испитен центар (ДИЦ) и секој кандидат може  да ги види своите, електронски со најава на rezultati.dic.edu.mk.

– Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61, информираше ДИЦ, кој резултатите ги објавува 12 дена порано од законскиот рок.

Следува период на приговори – заклучно со 5 јули учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули. Увидот во тестовите лично од  кандидатите ќе биде на 13 јули во ДИЦ со претходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули.

За дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.

Првиот екстерен и задолжителен испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски јазик) кандидатите го полагаа на 4 јуни, а на 13 јуни го полагаа вториот екстерен испит, кој е изборен од предметите математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски), естетика и филозофија.

За полагање на државната матура во јунската сесија беа пријавени 15.899 кандидати (7.135 од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта).

Матурантите кои не ја положиле државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За време на полицискиот час запален е летниковец во парк шумата Гази Баба

Редакција

Кои пратеници од Македонија ќе гласаат дали Косово ќе стане членка на Советот на Европа

Редакција

Повеќе жени меѓу новозаболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција