еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Француската амбасадорка во Софија потврди дека „францускиот предлог“ е истиот што го усвои бугарското Собрание

Според француската амбасадорка во Софија, Флоренс Робин, последниот предлог за решавање на спорот со Бугарија е ист со документот кој претходно го усвои бугарскиот Парламент.

– Тој (предлогот) не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот Парламент и не треба ново разгледување во земјата, изјави таа за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не вршел притисок врз Бугарија во спорот“.

– Документот е поставен во духот на претходниот договор, кој бугарскиот Парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ.

Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Северна Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата, рече Робин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема нов француски предлог кој се разликува од тој што бугарското Собрание веќе го одобри, вели бугарската министерка Генчовска

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Власта прави обид за купување на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“

Редакција

(Видео) Граѓани протестираа пред Владата против „францускиот предлог„

Редакција

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Редакција