еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Асен Василев, наместо Кирил Петков кандидат на ‘Продолжуваме со промените’ за нов премиер на Бугарија

Асен Василев ќе биде кандидатот за премиер кој ‘Продолжуваме со промените’ ќе го предложи да ја предводи евентуалната нова влада на Бугарија со мандат од партијата во актуелниот Парламент.

Ова го соопшти бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков најави дека има неоспорна доверба во Асен Василев.

„Со него рамо до рамо ја почнавме борбата и со него ќе ја завршиме во еден тим, заедно со сите членови на ‘Продолжуваме со промените’, со сите коалициски партнери и сите истомисленици“, рече и Петков.

Василев досега беше вицепремиер и министер за финансии на Бугарија.

МИА/Фото: Василев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија денеска почнува со вакцинацијата против Ковид-19

Редакција

Ќе работат 24 часа: Грција од денеска ги отвара сите гранични премини со Македонија

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот за изградба на сообраќајници во ТИРЗ Прилеп вреден 652.000 евра

Редакција