еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ферид Мухиќ: За евтиниот трик на ЕУ и Бугарија, Владата не може да донесе одлука без референдум

За Нова Македонија, универзитетскиот професор по филозофија Ферид Мухиќ ги коментира актуелните случувања со „францускиот предлог“.

-Кога Владата веќе ја „голтнала јадицата“ на ЕУ, сега останува тој предлог да се стави на плебисцитарно разгледување и одлучување.

Претходно, предлогот во целост треба да ѝ биде достапен на јавноста и да се овозможи дискусија во јавноста на сите нивоа. Кога работите со предлогот на преговарачката рамка за ЕУ се дојдени до оваа фаза, при донесена Резолуција во Парламентот, Владата не може да донесе одлука за нејзино прифаќање.

Само непосредното изјаснување на граѓаните е демократски инструмент што е врвот на демократијата и најсилна алатка. Но, при евентуалното плебисцитарно изјаснување, референдумот не смее да биде изманипулиран со трик-прашања, ниту резултатот да биде игнориран во понатамошните процедури за негово прифаќање или отфрлање.

Инаку, целата претстава со ветата и наводно усогласување на македонската преговарачка рамка е „евтин трик“ на ЕУ и Бугарија, со кој сакаат одговорноста да ја префрлат на Македонија, вели Мухиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Фото: Фејсбук/Мухиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок

Редакција

На 55-годишна возраст почина универзитетската професорка Татјана Петрушевска

Редакција

Владата им додели апанажа на четворица бивши директори на државни институции

Редакција