еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осуда за инцидентите од пред Влада и Собрание од СДСМ и ДУИ

СДСМ го осуди насилството и инцидентите што синоќа се случија на протестот, како што велат од владејачката партија „организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица“ пред објектите на Владата и Собранието.

-Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните.

СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, велат од партијата.

И Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го „осудува насилството и антиевропските инциденти што се случија на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред зградата на Владата и Собранието“.

-Граѓаните вечерва беа сведоци на обидот да се повтори сличниот напад врз највисокото законодавно тело во државата како на 27 април 2017 година од политички партии и поединци кои воопшто не размислуваат за иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија.

Во решавачките моменти за државата, во моментите кога се пишува историја и се поставуваат темелите на европскиот пат, Демократската унија за интеграција ги уверува институциите и граѓаните дека нема да дозволи во ниту еден момент да скршне од патот на Евро-американско пријателство и европската интеграција.

Проруските партии кои водат насилни протести против евроинтеграциите ја спроведуваат агендата на Москва за дестабилизација на земјата и регионот, но за среќа овие помали партии немаат поддршка од граѓаните.

Ги повикуваме политичките партии во земјата кои се назначени за европска Македонија, да се оградат од овие деструктивни агенди и да работат заедно за интеграција во Европа со целосно почитување на идентитетот, културните и јазичните карактеристики на сите нас, велат од ДУИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Протест против „францускиот предлог“ и пред Собрание

(Во живо) Демонстрати влегоа во дворот на Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе му се суди ли и на Груевски за настаните од 27 април?

Редакција

Вселенскиот патријарх Вартоломеј прв пат во историјата божикното послание го објави и на македонски јазик

Редакција

Сите сме донори на органи доколку не се изјасниме спротивно на нотар, но семејството го има последниот збор

Редакција