еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Извршниот одбор на СДСМ го прифати „францускиот предлог“

Извршниот одбор на СДСМ вчера на седница го разгледуваше последниот европски предлог на француското претседателство за кревање на блокадата и започнување на преговори со ЕУ и врз основа на сите анализи и дискусии, имајќи го предвид интересот на државата и граѓаните, донесе повеќе заклучоци, информираат од партијата.

„Предлогот е добра основа и Извршниот одбор целосно ја поддржува Владата да го продолжи процесот на консултации за носење на конечна државна одлука. Во овие моменти е потребно државничко однесување, мудрост и одговорност водејќи грижа за иднината на државата, на сите наши граѓани.

Во предлогот, којшто го сметаме дека е европскиот предлог, недвосмислено имаме прифаќање на македонски јазик во ЕУ, што значи затворање на сите идентитетски прашања.

Извршниот одбор на СДСМ констатира дека затворање на идентитетските прашања е најважно и сега е кристално јасно: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на Европската Унија. Ова е клучна позиција, државна и национална којашто со овој предлог е обезбедена.

Воедно, предлогот ги става билатералните, историски прашања надвор од преговарачката рамка.

Исто така овој предлог е во целосна согласност со Резолуцијата во Собранието за државните позиции.

Ова покажува дека Владата, премиерот и надлежните институции одговорно постапувале и ги застапувале државните и национални интереси.

По завршување на процесот на широки консултации, процесот да продолжи во Собранието.

СДСМ уште еднаш ја реафримираше својата позиција за преземање на сите активности, за заштита на националниот, јазичен и историски идентитет на македонскиот народ и неговата посебност како наша врвна вредност и заложба.

Членството во ЕУ е историски важно и стратешко прашање, а нашето место е во ЕУ.

Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел, полноправно членство во ЕУ. Тоа е нашата визија, тоа е нашата иднина.

Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата, им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на ЛДП, Милевски: Ако денеска се одлучува на Влада за францускиот предлог, ќе гласам против

Марко Трошановски: Македонскиот јазик не е чист, ќе биде многу гнасно и далеку од чисто

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Душица Димитриеска избрана за нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Попладне нестабилно со услови за дожд, утре намалување на температурите за неколку степени

Редакција

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање

Редакција