еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот, велат од МНР

Министерството за надворешни работи соопшти дека во јавноста повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.

-Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од бројните сет-идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи.

Во овој чувствителен момент, сметаме дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за францускиот предлог за отстранување на ветото и продолжување на европските интеграции на земјава, кој во моментов е во финална фаза во Собранието, се наведува во соопштението од МНР.

Од МНР посочуваат дека „содржината на евентуалниот Протокол меѓу двете земји, како записник од идната седница на Заедничката меѓувладина комисија, финално ќе биде усогласен на самата седница на оваа Комисија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците ќе ги добијат сите документи, но не и Протоколот со Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови позитивни случаи на Ковид-19 во градинка, болница и во штипската општинска зграда

Редакција

Детали од МВР: Осомничениот за бруталното убиство на улица „Перо Наков“ пријавил дека на жената и се слошило

Редакција

„На 500 евра плата се замарате со 100 денари за една патарина што ќе биде… срамота„: Твитер реакции

Редакција