еМагазин
Image default
Забава

Јубилеј: 30 години музичка кариера на Мирко Попов

Почнувајќи од петок, 15 јули со настанот симболично насловен „Диџеј Скопје” кој ќе се одржи во паркот позади Младинскиот културен центар, па до крајот на годината ќе следат неколку музички настани како дел од програмата посветена на јубилејот од 30 години музичка кариера на Мирко Попов.

-Мирко Попов е дефинитивно еден од најактивните личности на современата македонска музичка, но и културно-политичка сцена воопшто. Иницијатор, организатор, диск џокеј, продуцент, промотер, издавач, композитор, ремиксер, член на повеќе бендови, текстописец, радио водител, филмаџија, самостоен политички чинител, ентузијаст и познат скопски социјалит.

Деновиве, тој прославува јубилеј, токму 30 години професионална работа, пред се како диск џокеј, што беше иницијална каписла за севкупниот понатамошен развој.

Мирко е роден во Скопје, во 1972-ра година. Од 1992-ра активно учествува во креирањето на скопскиот ноќен живот, но и независната културна политика во земјава.

Најпрво како дел од скопското култно алтернативно радио Канал 103, а потоа и преку неговиот ПМГ Рекордингс, тој е директно одговорен за инсталирање на сосем нов приод кон современата музичка култура, со што стана една од највлијателните личности кај нас на преодот од 20-ти во 21-виот век.

Интензитетот на неговата работа само се зголемува низ децениите, па освен редовните настапи како диск џокеј и со своите бендови кај нас и во светот, тој со децении промовира концерти, фестивали, работи видеа, филмови, радиодрами, а се јавува и како композитор и издавач на околу 250 изданија на современа македонска музика.

По повод јубилејните 30 години кариера, овој петок, на 15 јули ќе се одржи првиот од низата настани, голем техно-рејв под отворено небо, со настап на некои од најзначајните имиња на современата електронска сцена кај нас. Луѓе битни за постанокот, развојот, сегашноста и иднината на македонската електронска музичка сцена.

Личности кои заслужуваат внимание и признание за нивната љубов, ентузијазам и самопрегорна работа, се вели во соопштението.

Во паркот позади Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 21 часот, ќе имате можност да ги проследите настапите на: Оги Баланс, Нино Флодер, Соња Исмаил, Зоки Бејбе, Мачки Полукс, Митрик Соба 313, Марко Рикалоски, Виолета Качакова и секако стариот добар Мирко Попов.

-Единствена забава од овој тип ова лето во Скопје. Вратите се отворени од 21 часот, а влезницата ќе чини 300 денари, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кино на отворено и музичка програма во Градскиот парк по повод Меѓународниот ден на младите

Редакција

Петтиот јубилеен избор на Мажи на годината ќе се одржи на 30 ноември

Редакција

(Видео) Во Скопје ќе се градат филмски студија во кои ќе се снимаат холивудски филмови, најави американскиот актер Џон Малкович

Редакција